Во Кочани пронајдени над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана, едно лице приведено

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска (1 август) спроведоа успешна акција во која беа пронајдени и одземени над 160 грама наркотични дроги – кокаин, хашиш и марихуана.
Акцијата била реализирана по претходно обезбедена судска наредба, при што бил извршен претрес во домот на А.Р. во Кочани. При претресот полицијата ја пронашла и одзела дрогата, по што лицето било лишено од слобода.
За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка против А.Р. за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека истрагата продолжува, а против осомничениот ќе следува соодветна законска постапка.