Во ЖИВО на М Нет: Победа – Куманово, бараж за Втора лига

Во сабота се играат последните 90 минути до одлуката, кои екипи ќе бидат нови второлигаши, а кои ќе бидат третолигаши.

Бараж натпревар, натпревар со финален шмект, а на телевизија М Нет ќе имате ексклузивна можност преку директен пренос да го проследите соочувањето меѓу Победа и Куманово.

Соочување во кое Победа ќе сака да остане второлигаш, а Куманово да биде нов второлигаш. Соочување на Победа која ќе влезе со една цел, односно да настапува во Втората лига и следната сезона, а Куманово како шампион на Третата лига – Север да заигра во Втората лига.

Гледајте го големото соочување на Победа и Куманово од стадинот во Ѓорче во ексклузивен директен пренос на телевизија М Нет, во сабота од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет