
Утре со еден натпревар ќе биде отворено петтото коло во Втората македонска фудбалска лига, меч меѓу ланскиот прволигаш Македонија ЃП и дебитантот Камјани, а кој натпревар ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија со почеток од 16 часот.
„Лавовите“ со променлива форма ќе бараат излез од мини резултатската криза откако нанижаа два порази, а имаат форма и од една победа и едно реми за четири бодови на своето конто. Од друга страна дебитантот одлично се прилагодува на Втора лига, откако по четири кола има форма од реми, пораз и две победи и на своето конто има седум бодови.
Кон трите бодови со цел фокус гледаат двете екипи. Македонија ЃП за да се врати на победи и да може да прогреси кон горниот дел од табелата, додека пак Камјани сака три бодови со кои дефинитивно ќе ги зголеми апетитите за висок пласман, но и да направи бодовна дистанца од екипите кои ќе бидат во долниот дел од табелата.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Камјани, следете го во живо на М Нет телевизија, утре, сабота од 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет