
На М Нет телевизија во сабота ќе можете да следите нов директен пренос од Втората македонска фудбалска лига, во меч од 21. коло во Радовиш ќе се соочат Детонит Плачковица и Осогово.
Ова ќе биде меч каде радовишани по двата порази во низа ќе имаат мал притисок пред домашната публика за да стигна до 11-тиот сезонски триумф, а со тоа можност и Детонит Плачковица да избие на шестото место, во зависност како Новаци ќе одигра со Каменица Саса.
Од друга страна тимот на Осогово оваа пролет игра допадлив фудбал со четири победи од пет средби, „жетварите“ на Крсте Крстев ќе го напаѓаат и петтото место на табелата.
Трите бодови се имепратив и на двете страни со цел да прогресираат на табелата, а на првото соочување во Кочани, тимот од Радовиш беше подобар со минимални 0:1.
Следете го натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Осогово преку директен пренос на М Нет телевизија од Радовиш, во сабота од 14:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет