Во вотрник ќе се спроведе четврто прскање против комарци во Општина Штип, се известуваат пчеларите за потребните заштити

На 13.08.2024 година, ден вторник во Општина Штип ќе се спроведе четврто прскање против комарци. Прскањето ќе се изврши на територијата на општината во период од еден до седум часот наутро.

На ден 13.08.2024 година (вторник) во раните утрински часови Општина Штип преку овластена фирма, на териториата на општината ќе спроведе дезинсекциа со цел уништуваье на комарците. Запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 01 до 04 часот адултицидната и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекциа. Со дезинсекциата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачија околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип. Во случај на неповолни временски услови ( дожд,ветар и др. ) дезинсекциата се одложува за следниот поволен ден, стои во соопштението од општината.

Воедно се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Лаура Стојанова, М-Нет