Во Богданци натпревар за прва сезонска победа во Втора лига: Вардарски против Беласица!

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Овој викенд продолжуваат натпреварите од Втората македонска фудбалска лига со одигрување на осмата рунда.

Интересен натпревар се очекува во Богданци, дуел за прва сезонска победа на досега двете екипи кои не се имаат израдува на триумф по седумте одиграни кола. Вардарски на домашен терен ќе ја предизвикува Беласица за прво славје.

Овој натпревар е од капитална важност и за двете екипи кои не играат според планот, иако Вардарски имаше доста потежок распоред во однос на Беласица, па сега пред повратникот во Втората лига е можност за да освојува бодови во следниот период и со тоа да стане конкурентен за да излезе од опасната зона која директно води кон испаѓање во Трета лига.

Вардарски запиша пет порази од кои четири во низа со две ремија и како последен на табелата има два бодови со гол разлика од шест постигнати погодоци и најмногу примени дури 16.

Беласица која им дава шанса на младите играчи, прави тим за во иднина на кој ќе се потпира на долгорочна основа, па сосема очекувано е дека при таква солуција треба да се жртвуваат натпревари и да се губат бодови. Струмичани имаат шест бодови и тоа од шест ремија во низа и еден пораз од првото коло од Арсими во гости. Нападот на Беласица има реализирано девет погодоци, а одбраната има примено 11 погодоци.

Токму во осмата рунда на Градскиот стадион во Богданци ќе се соочат Вардарски и Беласица во дуел за прво сезонско славје во дуел за освојување на првиот „плен“ вреден три бодови, но можеби пак и ќе се случи одново реми и двете екипи и понатаму да немаат триумф во Втората лига.

Ваквата ситуација повеќе од јасно е дека ќе донесе доста публика на стадионот во Богданци, со цел поддршка на нивниот миленик кој после долги 27 години се врати во Втората лига, па тоа треба да биде повеќе од јасен сигнал за публиката и навивачите во Богданци, кои ќе треба да се организираа и мобилизираат со цел да дадат поддршка на Вардарски и да започне да победува и да освојува бодови, со цел да не се случи негово испаѓање и одново борба за враќање во Втора лига, бидејќи таа борба траеше 27 години.

Александар Ванев, М-Нет