Воска Спорт ќе игра во Првата лига!

ФОТО: Телевизија М Нет

Иако во изминатите неколку дена се шпекулираше дека Воска Спорт ќе се откаже од настап во Првата лига и дали ќе има екипа која ќе го пополни местото, сепак телевизија М Нет ексклузивно дознава дека клубот ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига, но ќе настапува со помал буџет и со помлади играчи.

По заминувањата на речиси сите искусни фудбалери и заминувањето на тренерот Срѓан Захариевски, во Воска Спорт како што веќе објави телевизија М Нет работите се стабилизираат.

Сеит Крера е назначен за шеф на стручен штаб, кој претходно беше помошник на Захариевски, а од друга страна ќе пристигнат и првите засилувања за новата сезона.

Како што веќе информираше телевизија М Нет ново засилување ќе биде младиот играч Дестан Адили кој имаше одлична сезона во дресот на прилепска Победа во тешката сезона во која прилепчани се изборија за опстанок во Втората лига, а во следниот период ќе пристигнат и другите засилувања.

Клубот веќе ги започна подготовките за новата сезона под водство на Крера и се подготвува за настап во Првата лига во новата сезона, во која ќе биде повеќе од тешка за Воска со оглед на тоа дека повеќе од јасно дека ќе следува борба за сигурен опстанок во фудбалската елита.

Александар Ванев, М-Нет