Водата во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна

Водата од водоводот во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна се додека не се добијат конечните резултати од супер-анализата, извести Ј.К.П Бошава Демир Капија.

„По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати. Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење.

Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа. Затоа, водата од Водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна! Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата“, информираа од Ј.К.П Бошава Демир Капија.

Текстот Водата во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна е превземен од МАКФАКС.