
Собирање идеи, предлози, сугестии, ВМРО ДПМНЕ го започна проектот „Предложи вистинска идеа за вашата општина“. Граѓаните имаа можност да предложуваат идеи кои понатаму може да прераснат вовистински проекти и да бидат дел од програмата за реализација на проекти на ВМРО ДПМНЕ. Во пресрет на Локалните избори, се прават напори граѓаните да кажат што е она што треба да се направи и промени за подобар и поубав Штип.
„Сведоци сме на урбанистичко инфраструктурна трансформација на нашиот град во последните четири години. Ние ќе се обидеме сите комунални инфраструктурни и други проекти од областа на образованието да ги реализираме. Сите идеи ќе бидат разгледани од комисија од експерти пред да бидат преточени во вид на проекти.“ – вели Ушинова.
Можност да предлагаат свои идеи имаат и младите, со цел да им се излезе во пресрет на нивните потреби.
„Оваа приграма има за цел собирање на идеи и сугестии од страна на граѓаните. Но, еве би упатил еден апел до младите да дојдат заедно да предложиме идеи за поубав и подобар Штип“ – вели Коцев.
Вакви настани ќе се организираат и во месец септеври, граѓаните ќе бидат навремено известени, со цел да се соберат повеќе идеи и да се направат повеќе проекти согласно потребите на штипјани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет