
По лошиот старт на сезоната во Третата македонска фудбалска лига регион 3, Карбинци доби нов тренер, Влатко Нованов го презеде тимот и ќе мора да го извлече од резултатската криза.
По пет одиграни кола Карбинци има пет порази и се наоѓа на дното од табелата без освоени бодови.
Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека по низата лоши резултати, на негвоо инсистирање е договорена тренерска промена, со цел да се однесе свежина, нова енергија и мотивација во тимот.
Карбинци доаѓа од мала рурална општина и во важи за клуб кој е одлично организаран, а во минатото беше и неколку години учесник во Купот на Македонија, каде како добар домаќинот секогаш одлично ги организираше и натпреварите од Купот.
Пред Новаков сега е период на резултатска стабилизација, обид за прва сезонска победа и први бодови за тимот на Карбинци, а со тоа и можност за прогрес на табелата.
Александар Ванев, М-Нет