Вкупно 57 матуранти ,,паднаа“ на државната матура во Штип, најмногу по англиски јазик

Вкупно 57 матуранти не ја положиле државната матура во Штип. Од вкупниот број, четири матуранти не го положиле испитот по македонски јазик, додека останати 53 не положиле англиски јазик. Како што вели Снежана Санева, раководителот на секторот образование и јавни дејности при Општина Штип, повеќе од 400 матуранти положиле македонски јазик, 337 матуранти англиски јазик. Сите пријавени 21 матурант по математика и двјца по германски јазик ги положиле испитите. Санева констатира дека најголем интерес сепак постои најмногу за јазик.

,,Во овој јунски испитен рок, матура полагаа повеќе од 400 ученика, со тоа што по македонски јазик полагаа вкупно 411 ученици, од нив 407 положиле, тоа значи дека 4 ученика не го положиле испитот по македонски јазик. По предметот англиски јазик, како втор задолжителен прдемт, од некои од јазиците, полагале вкупно 390 ученика, меѓутоа положиле 337 ученика, а тоа значи дека 53 не го положиле испитот по англиски јазик. Матиматика имаме пријавено само 21 ученика и стие 21 положиле. И германски јазик има пријавено двајца ученици и двајцата го положиле испитот по германски јазик. Од ова можеме да констатираме дека сепак најголем интерес постои за јазик, додека природните науки, односно математиката е малку потешка за учениците и затоа бројот на ученици кои што пријавиле математика е помал.“, рече Санева

Санева тврди дека годинава за време на исптите немало никакви неправилности и дека истите поминале во најдобар ред. Во случај на еден поможен испит, а друг не, тогаш матурантот може да го пријави исптитот во августвоскиот испитен рок, додава таа.

,,Годинава такви појави не се забележани, тоа значи дека исптитот поминал во најдобар ред. Може да се случи да речеме еден предмет да е положен, а другиот да не е. Во тој случај, ученикот ќе може да се пријави во августовскиот испитен рок и да го полага тој предмет кој што не го положил. Или ако не е пријавен во овој јунски испитен рок, ќе може да се пријави во августвоскиот и даго полага повторно испитот на државата матра.“, потенцира Санева

Како што подвелече раководителот на секторот образование и јавни дејности Санева, испитот на некои од државните матури, ќе може повторно да се полага во следниот испитен рок.

Иван Митев, М-Нет