Високи цени за превоз плаќаат жителите од делчевските села до Штип, претежно доаѓаат за лекар

Поради одсуство или ретки автобуски линии во истокот, жители од делчевско реагираат за високи патни трошоци до Штип за да ги извршуваат своите лекарски потреби. Пред камерите на М-Нет телевизија, велат дека само 800 денари тие плаќаат за патниот правец Делчево-Штип- Делчево, но бидејќи живеат во околните села на Делчево тие плаќаат дури и по 1800 денари за превоз. Ваквата ситуација ги загрижува имајќи во предвид нивните месечни примања, но и високиот стандард кој е дополнителен одраз врз нивниот џеб. Велат дека и покрај високите трошоци за превоз, некогаш се случува да не го пронајдат докторот на своето работно место и да мора да направат дополнителни трошоци поради тоа.

“Јас имам нешто излезено на грбот, затоа дојдов овде, но сега докторката не може, ние сме од Делчево и бадијала пат губевме во овде. Некогаш сме задоволни, но некогаш не сме, на пример денеска имам потрошувачка што дојдов од Делчево 1000 и нешто е превозот, а докторката отсутна.”, велат жителите

Со загриженост други велат дека задолжително секој месец треба да патуваат до Штип, па ова би значело дека месечно треба да одвојат по 1800 денари од своите пензии само за пат.

“Не сум одел порано и затоа сега сум загрозен, не ми беше јасно, дека ако човек не оди на доктор и дојдов сега до лоша ситуација да секој месец да треба да доаѓам за инекција во Штип. И јас сум од овој крај, а мене ме чини 1800 денари за превозот по далеку живеам.”, додаваат жителите

Имајку во Штип, како центар на истокот, се лекуваат лицата од сите градови во источна Македонија, како Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, а многу често дури и градот Радовиш имајќи во предвид апаратурата и можноста за подобро здравство.

Лаура Стојанова, М-Нет