Високите температури не ги спречи граѓаните да излезат на пазарот во Штип, овој петок се бараа и бабурите

Раздвижен, петочен, пазарен ден. Имајќи во предвид високите температури, сепак тоа не ги поколеба штипјани да излезат и да си купат што е неопходно. Цените се складни и пристапни за џебот на граѓаните, велат продавачите и согласно со временските ситуации, велат дека производството е добро.

“Денес пазарот, има побарувачка. Се бара зелката, пиперот, црвената пиперка започнува сега. Спрема периодот не е лошо. Цените зелката од 30 до 40 денари за килограм, додека модриот оди за парче. Лутиот е 100 денари, а зелениот и црвениот 120 денари. Ајварката е од 70 до 80 денари. Нема производство, временските неприлики си го направија своето. Моментално има недостаток на производство“, велат продавачите

“Цените се пристапни, не сме тргоци, а робата е наша, па според буџетот на купувачите и цените мислам дека се ниски и складни. Меѓутоа квалитетна роба носиме од пиперка, модар патлиџан, праска, така да задоволни се купувачите, но колку толку и ние. Утринава имаше по малку раздвиженост, ама сега е добро, а јас велам ако не е добра робата значи нема да се вратат повторно.“, додаваат продавачите

Дека производството е добро, сведочат и купувачите и велат дека зависно џебот на граѓаните цените се складни.

“Пазарот е супер, квалитетен, ама за некој скапо, за некој не. Зависно од тоа кој каков му е џебот, важно е убаво. Бабури, пиперки убави и квалитетни, компир квалитетен.“, велат купувачите

“ Добро се цените, пипер 100 денари, патлиџани 70 денари. Обично патлиџан, пипер, тоа што е нај неопходно.“ , додаваат купувачите

„ И така и така се цените, нема некоја промена од минатиот петок, мислам дека не е скапо. Купувам овошје, зелечук и тоа., истакнаа купувачите

Овој петок покрај основните продукти, исто така се бараа и бабурите со оглед за почеток на нивната сезона. Она што останува како факт е дека е намален процентот на млади кој се занимаваат со земјоделство, а тоа ја отежнува самата ситуација во производството.

Лаура Стојанова М-Нет