
Осми ден по ред не се собира ѓубрето во Виница бидејќи истото нема каде да се депонира. Полни се контејнерите со смет, полни се и кантите за ѓубре во домаќинставата. Граѓаните загрижени за сопственото здравје, велат стравуваат од појава на разни болести кои можат да се прошират. Ѓубрето не се собира оти кочанчани не дозволуваат истото да се депонира на градската депонија. Виничани пак не дозволуваат реактивирање на веќе затворените депонии, а од ЈП „Солидарност“ Виница се ставени во мат позиција, оти немаат каде да го депонираат ѓубрето.
„Осум дена не е собрано ѓубрето. Градот се гуши во ѓубре нема каде да се депонира ѓубрето. Ние сме против отворањето на веќе затворените депонии, треба да се најде соодветно решение за вака настаниот проблем“ – велат виничани.
И додека виничани се гушат во ѓубре, во Кочани на депонијата само се пропуштаат возилата на КЈП „Водовод“. Протестите продолжуваат и понатаму, а граѓаните децидни дека нема да дозволат ѓубрето од останатите општини да заврши на депонијата во Кочани.
Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, посочи дека се чека одлука од централната власт за решавање на вака настантиот проблем.
Лаура Стојанова М-Нет