Викендот продолжуваат натпреварите од пинг-понг Суперлигата: Штипјани сакаат продолжување на победничката серија!

Викендот ќе се одиграат натпреварите од четвртото и петтото коло од пинг-понг суперлигата во машка конкуренција, а овој викенд штипски Шампион ФА и Младост 96 од Прилеп ќе бараат продолжува на победничката низа. Овие две екипи се максимални по три одиграни кола.

Во сабота ќе бидат одиграни натпреварите од четвртото и петтото коло, а пак в недела натпреварите од шесттото и седото коло.

Во рамки на 4. коло Вардар ќе игра против Телеком Нец 2, Берово и Радовиш ќе играат меч за прва сезонска победа, Младост против Младост 96, Крива Паланка ќе игра против струмички Астраион, а пак штипски Шампион ФА против Пелагонија.

Во рамки на 5. коло Пелагонија ќе игра против Вардар, Астраион против Шампион ФА во дерби меч на струмичани и штипјани, Младост 96 против Крива Паланка, Радовиш против Младост, а пак Телеком Нец 2 ќе се соочи со Берово.

В недела во рамки на шесттото коло Вардар ќе игра против Берово, Младост против Телеком Нец 2, Крива Паланка против Радовиш, Шампион ФА ќе игра против Младост 96, а пак Пелагонија ќе игра против Астраион.

В недела исто така ќе се одиграат мечевите од седмото коло. Астарион против Вардар, Младост 96 против Пелагонија, Радовиш ќе игра со штипски Шампион ФА, Телеком Нец 2 против фаворитот Крива Паланка, а пак Берово ќе има тешка задача против Младост.

Александар Ванев, М-Нет