Викендов комбинирано ќе се одиграат второлигашките Футсал натпревари

Македонските Футсал второлигаши ги распламсија борбите во рамките од првенствените натпревари. Полека но сигурно се разјаснуваат работите околу тоа кои екипи атакуваат кон врвот на табелата а кои екипи останаа на дното на табелата. Иако има уште доста да се игра, засега колото го водат екипите на Кеги Моби од Велес и Конзули од Битола кои освоија по 12 максимални бодови и се лидери на табелата, а во чекор ги следат штипските екипи Астибо со 9 и Мал Ајакс со 8 освоени бодови. А токму во ова коло во Битола ќе следи дерби натпреварот помеѓу водечките екипи Конзули – Кеги Моби. Почнувајќи од петок па се до понеделник ќе се одиграат натпреварите од ова редовно 5 првенствено коло во кое ќе се сретнат:

  1. СЕЕ Универзитет – Проект – 26 ноември
  2. Астибо – Клими 28 ноември – 19.00 ч.
  3. Мал Ајакс – Црешово топче 28 ноември 16.30 ч.
  4. Форца – Кардшлк 28 ноември
  5. Овче Поле – Велешта 28 ноември
  6. Конзули – Кеги Моби 29 ноември

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk