
Револтирани, потресени и загрижени за безбедноста на своите деца и внуци. Граѓаните во Штип видно возменирени по случајот со малата Вања. Дел од нив со солзи во очите велат дека ситуацијата е тешка, а безбдноста на нивните деца и внуци на речиси и да ја нема. Дополнителен факт што загрижува уште повеќе велат е вмешаноста на штипјанец во целиот настан со киднапирањето и убиство на малолетничката од Скопје. Децидни се дека родителите треба да водат многу повеќе грижа за своите деца, со цел да не се случуваат настани како овој.
„Многу жално. Јас имам внуци 17 години близнаци, многу жално, од утринава не можам да се смирам. “ – велат граѓаните.
Анкетираните граѓани во Штип не коментираа за лицето кое е вклучено во самиот настан, оти како што велат трагедијата е голема. Штипјанецот е на возраст од 60 години, живее во центарот на градот, а подолг временски период бил на работа во странство. Во Штип работел во угостителството.
Лаура Стојанова М-Нет