
Дербито меѓу Големо Коњари и Превалец заврши без победник, но со по еден гол (1:1), за поделба на бодовите на двата директни конкуренти за првото место ибаражот зза Втора лига, а во рамки на 15. коло на Трета лига – Југ.
Дербито можевте да го следите на М Нет телевизија преку ексклузивен пренос, а кое дерби предизвика голем интерес кај домашната публика која броеше и над 500 посетители кои го следеа натпреварот. Инаку, прилепското село Големо Коњари живее за фудбалот и спортот и кога ќе има натпревари постојано има голем број на посетители кои уживаа во фудбалската игра.
Меч со шанси и свои моменти од играта и кај едните и кај другите, Давид Секуловски го отвори резултат за 0:1 во 39. минута кога му се отвори простор во втората зона на противникот кој тука знаеше да затајува во одредени моменти од самата игра, но сепак радоста траеше кратко откако Онур Имероски постигна гол за 1:1 во 42. минута.
Во вториот дел и двете екипи имаа по неколку шанси за погодоци, но сепак, немаше промена на резултат и со тоа конечниот исход од 1:1 значеше и поделба на бодовите.
- ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР МЕЃУ ГОЛЕМО КОЊАРИ И ПРЕВАЛЕЦ:
Во Крушево екипите на Питу Гули и Слога од Лажани ги поделија бодовите откако одиграа 1:1, а пак на минимална победа се радуваше Башкими 2008 кој со 1:0 го доби Младост од Кривагаштани и на тој начин заедно со Големо Коњари и Превалец ќе води битка за првото место и баражот.
Дреново на домашен терен доживеа висок пораз од Венес од 1:5, а сите пет гола за гостинот ги постигна Ристовски.
Ултрас и Бучин исто така ги поделија бодовите откако одиграа 1:1.
Лидер останува Големо Коњари со 32 бодови, Башкими 2008 е втор со 31 бод, а пак Превалец е трет со 28 бодови и овие три екипи ќе бидат главни конкуренти за првото место.
Александар Ванев, М-Нет