Велики Петок за католитците, од утре започнува празнувањето на Велигден

Денес католиците го одбележуваат Велики Петок еден од најзначајните денови во црковната година, посветен на страдањето и распнувањето на Исус Христос. Овој ден се одликува со тишина, молитва и длабоко духовно размислување, а за разлика од другите денови, не се служи Света Евхаристија. Како што истакнува свештеникот Отец Столе Ангелов, наместо тоа, верниците учествуваат во посебни обреди кои вклучуваат библиски читања, поклонување и целување на светиот крст. Вечерната служба започнува во 18 часот, по што верниците се враќаат во своите домови во тишина и молитва.

„Тој е ден кога тишината и очајот се испреплетуваат , ден во кој човештвото ја гледа силата на божјата љубов. Овој ден морам да кажам дека се разликува од сите денови во црковната година бијќи на тој ден не се слави Св. Ехаристија туку саамиот наш спасител Исус Христос, се дава на олтарот за нас. Вечерва во 18 часот имаме служба на мајките Господови, тоа се состои од посебни обреди, како што се библијски читања, обреди кон целување на светиот крст, клањање кон светиот крст и света Ехаристија која е претходно посветена и после тоа се изложува телото, корпусот, телото Исусово, потоа верниците си заминуваат во тишина и во молитва се враќаат во својте домови. Велигден, да, тој се состои нормално од пост, се пости од чиста среда кога има еден обред кога се спалуваат маслиновите гранчиња од претходната година и тие гранчиња се пепел, тогаш се благословува таа пепел и на секој верник му се пепелува и му се вели „Сети се човеку да си од прав и во прав се враќаш“, е тука започнува тој 40 дневен Велигден. “- Отец Столе Ангелов Свештеник од католичка црква

Како што истакна Отецот Велики Петок е дел од Велигденскиот пост, кој започнува на Пепелна среда и трае 40 дена, симболизирајќи духовна подготовка за најголемиот христијански празник, Велигден.

Овој ден ги потсетува верниците на значењето на смирението, покајанието и духовната подготовка за воскресението и радоста на Велигден.

Иван Митев, М-Нет