
Конечно пристигна ВАР технологијата и во македонскиот фудбал, а утре ќе биде и официјалното деби со првите два натпревари со кои ќе се отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
На располагање ќе бидат вкупно три ВАР соби, сервер и контролна просторија кои се веќе направи по стандарди на ФИФА.
Фудбалската федерација на Македонија заедно со ВАР системот обезбеди и репортажно возило кое ќе може да се користи за ТВ преноси на натпревари.
Како што информираат од ФФМ, сите прволигаши имаат пријавено стадиони со ВАР лиценца и услови, со исклучок на стадионот во Чаир, кде игра Шкупи и каде се уште нема услови за имплементација на системот, а како што дополнуваат од федерцијата во ВАР-собите ќе бидат македонски арбитри.
Новата сезона почнува утре со натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи, меч кој се игра на стадионот во Тетово со почеток од 17 часот. Три часа подоцна односно од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат Вардар и Пелистер во вечното македонско дерби.
Во сабота на програмата ќе бидат два натпревари, Башкими против Арсими од 17:30 часот во Куманово, а во ист термин ќе се соочат Струга Трим Лум и Македонија ЃП.
В недела на програмата ќе биде само еден натпревар Тиквеш против Работнички од 17:30 часот, а мечот се игра во Кавадарци, додека пак колото ќе се затвори во понеделник со натпреварот меѓу Силекс и Брера Струмица од 17:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет