
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално го претстави Едиз Спахиу, откако еднаш беше демантирано, дека се воделе само преговори и дека Спахиу разгледува опции и за трансфер во странство, сепак 23-годишниот напаѓач стави потпис на договор со Вардар.
Тој во скопскиот тим доаѓа од екипат на Тиквеш, каде изминатата полусезона во дресот на кавадаречкиот прволигаш постигна четири гола на 18 натпревари, а пак во ПМФЛ има одиграно 106 натпревари со постигнати 23 гола, а пак минатата сезона Спахиу со Тиквеш го освои Купот на Македонија.
Тој ги има поминато селекциите на Македонија до 19 и 21 година.
Денес и официјално беше претставен Давор Талески како нов голман на Вардар, кој доаѓа од редовите на тетовска Шкендија. 29-годишникот во Првата лига има 165 настапи.
Има настапувано за Хонка од Финска, АЕ Лариса од Грција, како и за домашните Победа, Металург, Брегалница, Пелистер, Струга. Талески има настапунова и за сите младински категории на македонската репрезентација.
Во пролетниот дел Вардар цели кон рано обезбедување на директен и сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет