Вардар и Шкендија продолжуваат со европските предизвици во квалификациите на КЛ

ФОТО: ФК Вардар АД

Македонскиот шампион Вардар и вицешампион Шкендија останаа наши претставници во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Вардарци ги очекува предизвици против Рига од Летонија. Првиот меч ќе се игра во Скопје на 23 јули, а пак на 30 јули следува реваншот во Летонија.

Вардар претходно беше елиминиран од квалификациите за Лигата на шампиони откако загуби во Скопје од КуПС со 0:2, а во Финска славеше со 2:3, па со победа македонскиот шампион заврши со настапите во Лигата на шампион и сега ќе има предизвици во Конфренециската лига на УЕФА.

Шкендија лесно се спратив со екипата на Европа, совладувајќи ја во гости со 0:5 и дома со 1:0 со голот на штипјанецот Ване Крстевски за пласман во следната фаза односно во второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

Сега тетовскиот тим ќе игра против екипата на Браво од Словенија, првиот меч ќе биде во гости на 23 јули, а реваншот е на 30 јули во Скопје.

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс ги заврши европските предизвици откако беше елиминиран од Динамо Минск. На првиот меч Силекс беше подобар со минимални 0:1, а по 0:1 во регуларниот 90 минути и без голови во продолженијата, Силекс загуби на пенал рулетот и остана без продолжение во европските квалификации и се насочува на домашните обврски во шампионатот и Купот.

Александар Ванев, М-Нет