
Штипскиот тренер Иван Варадиновски по преземањето на тренерското столче во второлигашот Новаци започна со кроењето на ростерот за новата сезона. Костурот на тимот ја има основата од минатата сезона, но ќе има промени за новата сезона.
Прво летно засилување кое доаѓа во редовите на Новаци е Петар Гугуљанов, 24-годишен играч кој доаѓа од Кожуф, па ова значи дека Варадиновски и Гугуљанов и во новата сезона ќе соработуваат заедно, откако соработуваат минатата сезона во редовите на второлигашот од Гевгелија.
Низ неговата кариера покрај за Кожуф, Гугуљанов кој игра како дефанзивец играч од средниот ред беше дел од Беласица и скопски Вардар.
Новата сезона Новаци ја отвара на 15 август против Охрид во гости.
Александар Ванев, М-Нет