Вакцинацијата во тек, по 200 лица дневно се боцкаат во здравниот дом во Штип

Продолжува процесот на имунизација во државата. Во Штип вакцинацијата и понатаму се одвива во здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Моменталната ситуација е речиси идентична како и претходните денови, односно нема рапидно зголемување или намалување на бројот на лица кои сакаат да примат прва доза вакцина. За ревакцините пак бројот зависи од лицата кои примиле прва доза пред 21 ден. Во главно околку 200 пациенти дневно се боцкаат во штипскиот здравен дом. Поголемиот дел од нив се за ревакцина.

„Во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 200 лица од кои што 50 беа за прва доза. За денеска имаме закажано 150 лица, до сега најголемиот дел се вакцинирани“ – истакана Ана Бурева.

Се уште се практикува и трендот на домашна посета од медицински лица за вакцинација на стари, болни и изнемоштени лица. Меѓутоа и нивната бројка е сведена на миниум, па ако додека работеше салата Јордан Мијалков како вакцинален пункт се вакцинираа по околу 10 лица дневно, сега десетина пациенти се вакцинираат неделено. Според надлежнит медицински лица ова се должи на фактот што поголем дел од повозрасното население веќе е вакцинирано.

Според информации од министерството за здравство досега во државата со прва доза вакцина се боцкани над еден милион и 400 илјади граѓани, а ревакцнирани се над 600 илјади граѓани. Над 55% од населението над 40 години има примено барем прва доза вакцина.

Лаура Стојанова М-Нет