Бутел со сребрен медал на завршниот турнир на ФФМ Детската лига, шпалир и пречек од 150 дечиња

Вчера се одиграа финалните натпревари од ФФМ Детската лига, а екипата на Бутел 2017 забележа уште еден голем успех, откако во големото финале генерација 2014 загуби од екипата на Форца, а Бутел го освои второто место и сребрениот медал.

Бутел направи голем успех со освојувањето на сребрениот медал, во конкуренција од над 100 екипи на ниво на цела држава, а на крајот Бутел заврши на второто место.

Овој голем успех на Бутел беше награден со пречек како што доликува на еден тим, генерацијата 2014 беше пречека со шпалир од над 150 дечиња, со голема радост, аплауз и честитки од страна и на родителите, вицешампионското место се славеше синоќа во Бутел.

Бутел до големото финале се соочи со големо фудбалски клубови како Академија Пандев Брера Струмица, Пелистер, Партизан и Форца.

„Горди сме на тоа што го направивме, знаевме дека ќе треба да се спротиставиме на големи фудбалски клубови со голема традиција, но бевме сигурни дека можеме а сега слободно да кажеме дека успеавме. Сакам да им упатам голема благодарност до сите тренери кои знаат дека нема да застанеме тука и дека успесите во иднина ќе бидат поголеми, благодарност до сите деца кои секој ден гордо го носат дресот и не преставуваат во најдобро светло, благодарност до сите родители кои секогаш се тука со нас, благодарност до сите наши подржувачи“, рече тренерот на генерација 2014 Цеко Тапчановски.

Во Бутел 2017 тренираат околу 200 деца, со нив работат тренерите Цеко Тапчановски, Оливер Налбантов, Ненад Рајковчевски, никола Поповски, Слободан Игнатов и Дејан Нешиќ, а застапени се фудаблери родени од генерација 2010 до генерација 2018.

Од 1 до 3. јуни на терените на ФФМ во Скопје се одржа главната завршница од ФФМ Детската лига со што се комплетираше сезоната.

Александар Ванев, М-Нет