Бронзен медал за Емил Павлов на Балканското првенство во Црна Гора

Бронзен медал за штипјанецот Емил Павлов на Балканското првенство за сениори во Подгорица, Црна Гора. На Балканското првенство настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Павлов до бронзениот медал стигна откако триумфираше над репрезентациите на Словенија и Турција, како и Србија, а загуби од домаќинот Црна Гора.

Покрај Павлов, бронзени медали освои и каратистите Фахик Весели и Љупче Михајлов. Македонската репрезентација освои вкупно пет бронзи во поединечна конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет