
Штипјанката Андреа Нисева е првото девојче во Штип, но и во Македонија кое се враќа со медал од Европско првенство во борење. По тој повод се организираше настан на кој присуствуваа познати имиња од борењето, за да се прослави успехот.
„Тука се познати имиња од борењето, да го одбележиме постигнатиот резултат бидејќи ова е прв ваков резултат кој воопшто во Македонија го има постигнато децојче на едно вака големо првенство.“ – вели Нисев.
Огромен успех и мотивација да се продолжи напред, Нисева вели дека овој резултат покажува дека со многу работа, труд и посветеност може да се искачат високите врвови во спортот.
„Ова за мене е многу, многу голем успех. Драго ми е што сум прво девојче во Македонија што зема медал на Европско првенство. Се надевам дека наредната година ќе се вратам со злато.“ – вели Нисева.
Брозна со сјај на злато, почеток на успешната кариера, гордост за Штип и Македонија. Големите, познати ѕвезди во борењето само со пофални зборови за младата Нисева, која ќе биде запишана во историјата како прво девојче од државата кое освоило медал на Европско првенство.
„Андреа е една од најуспешните спортистки, за нашиот спорт прва носителка на европскиот медал – тоа е голем успех општо за нашиот спорт“ – додава Сејдиу.
Андреа Нисева учествуваше на Еврпското првенство во борење во Унгарија каде издвои три победи и еден пораз. За брозната се покажа подобро од натпреварувачка од Полска.
Лаура Стоајнова М-Нет