
Со натпревари уште од утринава започнува Балканското првенство во одбојка на песок кое оваа година ќе се одржи во Штип. Спектакл и одлична можност сите љубители на спортот да уживаат во настаните закажани за овие три дена.
„Чест и задоволство е да се биде домаќин на пет репрезентации коишто во следните денови ќе настапуваат во спортскиот центар Џексон на одбојка на песок, спектакл, нешто што штипската јавнност го заслужува“ – вели Јорданов.
Ќе се диграат 32 натпревари во машка и женска конкуренција, ќе настапат 40 учесници од пет балкански држави, а натпреварите ќе ги судат локлани судии. Мицевски ги покани сите во следните три дена да го посетат СРЦ Џексон и да уживаат.
„Ги поканувам сите љубители на одбојката да дојдат следните три дена и да уживаат.“
Одбојка на песок е спортска дисциплина која се развива многу повеќе за разлика од одбојка во сала, и токму затоа Штип викендов ќе биде епицентар на спортските случувања.
Свеченото отворање е закажано за вечерва, а финалните натпревари се закажани за во недела.
Лаура Стојанова М-Нет