
Екипата на Брегалница со песна се врати од Охрид прославувајќи ја победата против тимот на Воска Спорт и пласманот во осмина – финалните куп натпревари. Веќе денеска Брегалница ја очекува ново првенствено искушение во кое на градски во Штип ќе ја пречека екипата на Тиквеш од Кавадарци. Брегалница засега е на делба на 7 место на табелата заедно со екипите на Шкендија и на Борец со по 7 освоени бодови а Тиквеш е на 11 место со само 2 освоени бодови. Штипјани досега одиграа 4 нерешени средби, загубија еден натпревар и извојуваа една победа и тоа против водечкиот тим на Академија Пандев и мирниои сталожено ја очекуваат оваа средба во која се надеват на нова – втора победа. Од друга страна пак Тиквеш лошо започна, има само две нерешени средби и 4 порази по што дојде до смена на тренерското место, Блажевски си замина а на негово место според информациите од секретарот Тодор Туриманџов дојде Влатко Костов, но најверојатно Влатко Костов нема да биде на новото тренерско место на клупата на Тиквеш против Брегалница во Штип. Ова се официјалните лица за овој меч, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга на кого ќе му помагаат Бранко Путилин, Разме Бакрачевски и како четврти судија Марјан Ецковски. За Контролор е делегиран Ѓорги Карајанов од Гевгелија а Делегат ќе биде Благоја Гешоски од Прилеп. Еве ги комплетните двојки за ова 7 коло:
- Брегалница – Тиквеш
- Скопје – Шкендија
- Македонија ЃП – Работнички
- Пелистер – А. Пандев
- Ренова – Струга ТЛ
- Шкупи – Борец
Сите натпревари ќе се одиграт денес со почеток во 15.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk