Брегалница ќе бара победа против Арсими, дерби на Шкендија и Вардар, Башкими гостува во Кавадарци

ФОТО: ФК Брегалница

11-тата рунда на Првата македонска фудбалса лига ќе се игра во три дена, а ќе се отвори во петок во Кратово со мечот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново, дуел закажан за во 14 часот.

За сабота предвидени се два натпревари. Првиот во 12 часот меѓу Струга Трим Лум и Скопје, а вториот е дербито меѓу ривалите Шкендија и Вардар кој се игра од 14 часот во Гостивар.

За недела остануваат две средби. Од 12 часот Арсими ќе биде домаќин на Брегалница, а пак два часа подоцна ќе се одигра натпреварот меѓу Тиквеш и Башкими на Градскиот стадион во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет