
Брегалница ја прекина лошата мини серија од три порази, откако одигра само “нула” со “фенерџијат” Вардар на домашен терен (0:0).
“Сините” беа во мини резултатка криза од три порази во низа, а излезот од истата беше само реми со Вардар и поделба на бодовите.
Штипјани во финишот постигнаа и гол, Велкоски погоди по центаршут на Стојчевски, но истиот беше од недозволена позиција.
Сепак во Штип гледавме приспивно реми, кое ја продлабочува кризата и на двете екипи.
Работнички со минимални 1:0 го доби Тиквеш во Маџари со голот на Атдхе Мазари во 22. минута.
Силекс стигна до нова победа, а Воска Спорт до нов пораз, откако во Кратово домаќинот со 4:2 беше подобар.
Каланоски и Ѓорѓиевски беа двојни стрелци за Силекс, а Марушиќ беше двоен стрелец за охриѓани.
Шкупи ја доби пресметката со шампионот Струга на Чаир со 2:0. Да Силва и Воша беа стрелци за “гулабите” кои сега се на врвот во ПМФЛ.
Гостивар стигна до бод во локалното дерби со Шкендија, откако одигра 2:2 на домашен терен. Атиемвен постигна гол за 1:0, а Тотре израмни на 1:1. Во финишот на првиот дел скапото засилување Потук постигна гол за 2:1 на пауза.
Во финишот на мечот Клинсман Цаке ги постави конечните 2:2.
Вчера, Македонија ЃП со минимални 1:0 ја совлада Брера со голот на Попзлатанов.
