
Екипата на Брегалница го продолжува победоносниот од и во Штип слaвеше против екипата на Кит Го која беше денес како домакин на „градски“. Натпреварот заврши со резултат 1:2 (1:0) . Тимот на Кит Го беше подобар во првото полувреме имаше повеќе стопостотни шанси меѓу кои и удар од 11 м. кои останаа нереализирани.Сепак во 27 м. Кит Го дојде во водство од 1:0 со голот што го постигна Тони Мичковски и со овој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме Брегалница влезе со нови 3 играчи кои донесоа свежина во тимот и далеку поопасна и поангажирана игра што донесе изрнамнување. Се играше 49 м. кога Дарко Додев успешно ја спроведе топката во мрежа покрај немоќниот голман Мартин Давков за резултат 1:1. Брегалница до победа и резултат 1:2 дојде во 74м. кога гол постигна Андреј Кудијан што се покажа и како конечен резултат. Еве ги комплетните резултати од ова 26 коло:
- Кит Го П – Брегалница 1:2
- Кожув – Слога 0:2
- Осогово – Победа 0:1
- Росоман – Плачковица 0:1
- Тиквеш – Каменица Саса 3:1
Табела
- Брегалница 70
- Тиквеш 61
- Кит Го П 42
- Кожув 35
- Слога 33
- Каменица С 32
- Осогово 29
- Победа 26
- Плачковица 18
- Росоман 9
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk