
12-тото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во во два дена, односно на 1 и 2 ноември или недела и понеделник.
Колото ќе се отвори со дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш кој е закажан за недела од 12 часот, а од 14:30 часот во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија.
За понеделник на програмата се три натпревари. Првиот во 12 часот каде Скопје ќе бара прва сезонска победа против Силекс, а потоа од 14 часот стартуваат два натпревари. Башкими против Арсими во Куманово и дербито на колото меѓу шампионот Вардар и поранешниот шампион Струга Трим Лум.
Александар Ванев, М-Нет