Брегалница против Вардар во сабота, 10. коло на ПМФЛ ќе се игра во три дена

ФОТО: ФК Брегалница

Познати се термините за натпреварите од десеттото коло на Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се игра во три дена.

Колото се отвара на Чаир со дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум од 12 часот, два часа подоцна ќе започне натпреварот во Штип меѓу Брегалница и шампионот Вардар.

Во недела ќе се одиграат две средби. Од 12 часот во Куманово ќе се игра дуелот меѓу Башкими и Силекс, а пак од 14 часот натпреварот меѓу последнопласираниот Скопје и првопласираната Шкендија.

Колото се затвара во понеделник со натпреварот во Гостивар меѓу Арсими и Тиквеш, а кој меч започнува во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет