Брегалница на подготовки во Охрид, закажи седум контролки, „генералка“ против Беласица

Како што веќе објави телевизија М Нет Брегалница подготовките за пролетната полусезона ќе ги започне на 9. јануари. Веќе се договорени и седум контролни натпревари преку кои штипјани ќе ја темпираат формата за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ првиот контролен натпревар го играат против Академија Пандев на 19. јануари, а на 24. јануари ќе следува тест со Тиквеш.

Главниот дел од подготовките ќе биде одработен во Охрид, а фудбалерите на Брегалница ќе заминат на 26. јануари. Два дена подоцна, односно на 28. јануари ќе следува пријателски натпревар со Воска Спорт, на 31. јануари ќе има контролна средба со Караорман, додека пак на 1. февруари е закажан тест со Охрид.

На 5. февруари Брегалница ќе се тестира со Пелистер, додека пак „генералката“ е закажана за 12. февруари против Беласица.

Како што е познато Горан Здравков е новиот шеф на стручниот штаб, а нови имиња во таборот на Брегалница до овој момент се Давид Калпачки и Зоран Андонов.

Пролетната полусезона започнува на 19. февруари, а првиот меч Брегалница го игра на домашен терен против Скопје.