Брегалница минимално го доби Борец, Осогово само до бод, фаворитите Македонија ЃП, Башкими и Арсими според планот до три бодови!

Фаворитите во 25. коло на Втората лига стигнаа до победи и со тоа ја продолжуваат трката за директен влез во Прва лига. Македонија ЃП минимално со 1:0 го доби Детонит Плачковица на домашен терен, додека пак Башкими со 2:0 беше сигурен против последнопласираниот Вардарски.

Екипата на Арсими забележа минимална, но важна победа од 1:0 над Кожуф и со тоа тимот од Чегране ја продолжува трката за директен влез во Прва лига.

Брегалница во Велес дојде до минимален триумф откако со 0:1 славеше над Борец, со голот на капитенот Давид Калпачки, па така остануваат надежите на Брегалница за Прва лига односно директен влез во елитата.

Новаци дојде до триумф од 2:0 над Вардар Неготино и со тоа ставаат печат на директниот опстанок во Прва лига. Минимален, но голем триумф за Победа од 1:0 над Саса на домашен терен со што прилепчани ставаат печат на директниот опстанок во Втора лига.

Само на еден натпревар немаше победник откако на „Билјанини Извори“ ги поделија бодоивите екипите на Охрид и Осогово играјќи 2:2. Дербито од средината на табелата на екс прволигашите Беласица и Скопје заврши со минимална победа од 1:0 за струмичани.

Во однос на табелата на врвот е Македонија ЃП со 56 бодови, а толку има и Башкими кој е втор. На третото место или во бараж зоната за Прва лига е Арсими со 54 бодови, а пак екипата на Брегалница со 51 бод е на четвртото место.

Беласица сега е на петото место со 38 бодови и оди кон таа цел сезоната да ја заврши на високото петто место. Детонти Плачковица се спуши на шестото место со 36 бодови, колку што има и Охрид кој е седми.

На осмото место на табелата е Скопје со 34 бодови, а по 32 бодови имаат Кожуф и Саса за делжба на деветото место.

На 11-тото место е Новаци со 28 бодови, Победа е на 12-тото место со 27 бодови, а толку има и Вардар Неготино кој е на 13-тото место.

Со 19 бодови екипата на Осогово е во бараж зоната за опстанок во Втора илига или на 14-тото место со 19 бодови. Борец е во зоната за директно испаѓање со 13 бодови како претпоследен, а на дното е Вардарски со 11 бодови како последен.

Александар Ванев, М-Нет