Бранителот на Куп титулата Штип УГД се пласираше во полуфинале, заедно со Струмица и Борец се чека последниот полуфиналист!

ФОТО: ОК Штип УГД

Бранителот на Куп титулата, Штип УГД се пласираше во полуфинале од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција.

Штипјани го продолжуваат патот кон одбраната на титулата, а во полуфиналето се и Струмица и екипата на Борец, а ќе се чека на последниот патник од натпреварот меѓу Шкендија и Работнички, натпревар кој е закажа за 26. февруари во Тетово.

Штип УГД беше убедлив во четвртфиналниот натпревар со Скопје, откако истиот го доби со 3:0 во сетови и без проблеми штипјани патуваат во полуфиналето од Купот.

Скопје воопшто и не можеше да парира на штипскиот тим, па во ниту еден сет не можеше ниту да пружи солиден отпор, па тоа би се рекло дека за Штип УГД беше само тренинг натпревар пред тоа што го очекува тимот во одбрана на Куп титулата.

Првиот сет одбојкарите на Штип УГД предводен од тренерот Кристиан Ристески го добија со 25:9, а во вториот сет сетот Штип УГД го доби со убедливи 25:8, а третиот сет заврши со 25:14.

Доминација имаше и екипата на Струмица која со 3:0 во сетови го декласираше Универзитет Тетово, откако првиот сет струмичани го добија со 25:13, во вториот тетовскиот тим се обиде да парира, но не можеше, па сетот заврши со 25:20, а третиот сет заврши со убедливи 25:11.

Екипата на Борец пред својата публика со 3:0 во сетови ја елиминираше Лирија од Купот.

Во првите два сета екипата на Лирија парира и го намачи Борец, откако првиот сет велешани го добија со 25:18, а вториот со 25:23, а веќе во третиот сет Борец беше убедлив со 25:12 за конечни 3:0.

Штип УГД, Струмица и Борец закажаа полуфинале, а сега ќе го чекат од исходот од дуелот на Шкендија со Работнички, а победникот од истиот ќе биде последниот патник во полуфиналето од одбојкарскиот Куп во машка конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет