
Денеска на регионалниот пат Делчево – Виница, кај селото Бигла, во посета беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Пред директно да го презентира буџетот за 2021 година, тој посочи дека инфраструктурата и започнатите градежни и патни структури остануваат во прв план. Започнатата реконструкција на регионален пат Дечево – Виница, како и на многу други, според него, се очекува да биде успешно завршена. Министерството за транспорт и врски е подготвено да работи и да инвестира во инфраструктурата за финиширање на веќе започнатите патни инфраструктури. На 1ви декември годинава, ќе се презентира буџетот на Министерството за транспорт и врски, како и работите кои ќе се извршуваат во 2021 година. Инвестициите на локални улици и патишта низ државата, преку Светската банка, се предвидува да биде над 10 милиони денари, изјави денеска Бочварски.
Лаура Стојанова М-Нет