Бочварски: Кога ќе се изгради брана на р. Отиња, ќе се разгледа од каде ќе се полни истата

Кога ќе завршат градежните активности за изградба на брана на река Отиња, тогаш впрочем ќе се размислува за тоа како истата ќе се наполни со вoда, дециден беше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој истакна дека интеnзивно се работи на изградба на браната на река Отиња, како и поврзување на зоните Блок 70 и Суитлак преку браната.

„Работите одат добро, секако кога ќе завршиме со изградбата на овој проект ќе биде ставен во функција, ќе започне и полнењето на оваа акумулација. Согласно со можностите, ќе ги гледаме и приликите дали ќе има прилика од дополнително дополнување на вода во браната на река Отиња од одредена друга акумулација. Доколку тоа е потребно, ќе изработиме и документи и ќе го реализираме. Најважно е овој проект да го изградиме, да го завршиме, да се урбанизираат понатаму површините околу, да се направат пешачки површини, зоните Блок 70 и Суитлак да се поврзат преку браната“ – кажа Бочварски.

Тој додаде дека во меѓувреме се работи на повеќе проекти во градот за подобрување на инфраструктурата, додавајќи дека ќе започне и проектот за продолжување на оградата покрај коритото на река Отиња.

„Следниот месец очекувам да започнат градежните активности за поставување на оградата на коритото на река Отиња со вредност од 5.5 милиони денари за што веќе го избравме изведувачот, а во тек е постапката за избор на надзорниот орган за овој проект“ – додаде Бочварски.

Брана на река Отиња е долгогодишен сон на штипјани и проект вреден 306 милиони денари.

Лаура Стојанова М-Нет