Бочварски бара најстроги казни за загадувањето на р. Брегалница

На својот Фејсбук профил се обрати и градоначалникот, Благој Бочварски, кој бил на лице место на изворот на загадувањето на реката. Меѓу другото во својот текст Бочварски го истакна следното:

-…заедно со претставници на Спортско риболовното друштво “Брегалница 2011” од Штип и загрижени граѓани лично бев на терен и го пронајдовме изворот на загадувањето во реката Брегалница, во еден од превозниците во ТИРЗ зоната. Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои веќе се на лице место. Мостри од водата се земени, а крим техника веќе работи на откривање на сторителите. Калкулации не смее да има! Секој мора да ја сноси одговорност за своите постапки! После констатацијата на состојбата од теренот барам да бидат изречени најстроги казни за сторителите.
Дали навистина одговорните за оваа еколошка катастрофа во река Брегалница ќе сносат одговорност, ќе се дознае откако од крим техника ќе потврдат кои се виновниците.