Борче Постолов: Kадетите и Младинците на Брегалница на Супелигашко „челичење“ во Пехчево

Координаторот на младинските школи на ФК „Брегалница“ Борче Постолов со полн куп информации информираше за стартот на подготовките на штипските надежи. Кадетите и Младинците на Брегалница под водство на тренерите Влатко Давитков и Трајче Сенев се наоѓаат на подготовки во Пехчево каде ги полнат батериите за претстојниот настап во Супер лигата на Македонија.

Веќе утре, сабота Младинците на Брегалница ќе имаат контролка со екипата на Кит Го а во натамошниот период следуваат нови пријателски тестови се до 26 овој месец до кога тие ќе се подготвуваат во Пехчево. За разлика од нив младите пионери на Брегалница од генерацијата 2006 предводени од тренерот Драган Арсовски утре,сабота ќе одиграат пријателски интернационален меч во Врњачка Бања против тимот на Металац со што продолжуваат традиционално добрите врски и пријателски односи сo српските младински клубови во кои децата се стекнуваат со нови фудбалски видици со можност за нивен брз напредок.. Во Брегалница не се запоставува ниту работата со младите голмани кои на парадерските вештини ги учи и тренира Ачександар Митрев. Како и да е ова се пријатни фудбалски вести во овие жешки летни денови кои делуваат освежувачки за штипските сладокусци на фудбалската игра.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk