Боречкиот клуб Киро Ристов од општина Карбинци успешно ја заокружи 2025 година – новогодишни пакетчиња за најмалите дечиња

Боречкиот клуб Киро Ристов од општина Карбинци успешно ја заокружи 2025 година, со одлични резултати, со привлекување на младите кон борењето како спорт. Синоќа во спортската сала во село Таринци беше организиран настан од страна на клубот на кој настан беа доделни благодарници од страна на клубот за поддршка и афирмација на спортот и борењето во општина Карбинци, меѓу нив и на спортската редакција на М Нет телевизјиа, а на малите дечиња дедо мраз им подари пакетчиња.

Тренерот Трајче Димков вели дека генерално имаат позитивна и одлична оценка за годината која изминува.

„Генерално би рекол дека имаме позитивна и одлична оценка иако секогаш треба да целиме кон повеќе, можевме и повеќе, меѓутоа врз основа на четиригодишната наша работа и со тоа што во моментот располагаме со борачи што ги имаме, бидејќи е време и процес за да се создадат борачи од поголем квалитет. Меѓутоа, би сакал да издвојам неколку резултати, а тоа е учеството на Ангела Глигоров на Европското првенство за кадети оваа година во Скопје, учеството на Леа Тасевска на Балканското првенство во Романија иако можеби без позначајни резултати, меѓутоа за нас тоа е добар резултати. Вклучувајќи го тука и резултатот на Викторија Спасовска која во сите три возрасни категории од У21, У23 до сениори ги осви првите места вклучително и Ангела и Леа. Тука се уште неколку надежни борачи кои на некој начин се пробиваат доправа во пионерска и кадетска конкуренција“, вели Димков за М Нет.

Димков потенцираше дека со резултатите и настапите на нивните порачи успешно ја заокружиле 2025 година. Општина Карбинци е од разбиен тим, а тоа е предизвик за овој клуб.

„Тука има еден малку реален проблем бидејќи децата од почетокот сакаат да тренираат и потоа често пати бидејќи таква е возраста знаат и да се повлечат. Ние сме населено место од разбиен тип, значи општина Карбинци, ние работиме во Таринци и бројот е ограничен. Во почетокот имавме огромен интерес, а сега полека тој интерес нормално децата се движат одат и кон други спортови и сега почнуваме да привлекуваме внимание од останатите места. Сега имаме една добра екипа од населеното место Козјак, од Аргулица, од Балван, од Карбинци, така да пробуваме да ги вклопиме, тоа е предизвик. Значи секоја година ние ќе мораме да се соочуваме со предизвик со донесување на деца, млади борачи кои би сакале да бидат активни во тој спорт. Сега за сега сме задоволни од бројот на деца затоа што ние во моментот имаме две групи. Како функционираме. Првата група тоа се деца пионери до младинци и сениори која број до 20 лица, меѓутоа има уште една група, тоа се дечиња од пет до осум години, значи ги спремаме за во идната генерација. Еве сега оваа година неколку дечиња од таа група повлековме во поголемата со намера претходно да ги анимираме за да сфатат што значи борењето. Ние буквално секоја недела имаме седум тренинга со можност децата да вештини во делот на борењето.“

Клубот имал и меѓународна соработка со цел борачите да стекнат дополнително огромно искуство, покрај искуството од домашните натпревари.

ИЗЈАВА 747G1811 Трајче Димков тренер на БК Киро Ристов 00:23 (врз основа на програмата) до 00:43 (поголемо искуство)

Клубот успешно ја заокружи 2025 година со надеж и добро здравје во 2026 година до уште поголеми успеси, како на домашната така и на меѓународната сцена.

Александар Ванев, М-Нет