
Дербито на колото во Третата лига – Југ, кое директно решава за првото место и патот кон баражот за влез во Втората лига, засега оди во корист на Борец. На гостувањето кај директниот конкурент Превалец, велешани имаат сигурна предност од 0:2 по првите 45 минути.
Борец уште од самиот почеток наметна темпо и покажа дека дојде по цел плен. Со дисциплинирана игра во средината и конкретност во нападот, гостите успеаја да ја материјализираат својата иницијатива со два погодока за 10 минути, ставајќи го Превалец во незавидна позиција.
Домашниот тим се обидуваше да одговори, но засега без вистинска завршница и посериозна закана по противничкиот гол. Во продолжението ги очекува тежок предизвик доколку сакаат да се вратат во игра за дербито и за лидерската позиција.
Второто полувреме ветува возбудувања, а исходот од овој натпревар може да биде клучен во трката за првото место и шансата за промоција во повисок ранг.