Бобан Попов го искачува ракометниот врв во Германија

Трновит и долг е патот кон врвот на нашите сшпортисти кои овде во Македонија се докажуваат со години, но никако да ги убедат нашите стручњаци во нивниот квалитет.

Некои од нив пак откако го додтигнат зенитот сакаат да напредуваат и да го достигнат својот зенит. Бобан Попов од родниот Штип и матичниот Текстилец се реши да ја побарасреќата дури во Германија. Како вистински „светец“ го одбра и градот на германскиот професор по теологија и филозофија Мартин Лутер и клубот Grun – Veibt Wittemberg.

Ракометниот клуб се натпреварува во четвртата германска лига со заеднички аманет на сите играчи конечко да ја прескокнат и да се изнедрат во третата германска лига.

Бобан Попов е одлично примен од соиграчите и од навивачите на популарно наречениот нивен тим „зелено – белиот витенберг“ и со својата робусна игра и појава привлекува внимание.

Правилата таму се доста строги и сега сасега е само тоа за Бобан Попов на кого му ја посакуваме целата ракометна среќа во вистинско светло да го прикаже македонскиот ракомет до германските навивачи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet