
Членовите на БК Олимпија со учество на меморијален турнир во Република Бугарија постигнаа успех и се закитија со осум медали. Учесниците се натпреварувале во различни категории како што се кадети, јуниори и пионери. На турнирот учествувале десет борачи од кои осум се пласирале во финалето.
Следни активности на боречкиот клуб се други меѓународни турнири, а доколку се постигне договор со Боречката федерација некои од девојчињата или момчињата би учествувале на балканско првенство. Двете учеснички Андреа Нисева и Мелани Митевска го истакнаа задоволство да се биде дел од ваков настан.
Финансиските средства за учеството на меморијалниот турнир се обезбедени од Општина Штип. Членовите ќе имаат свој настап на европско првенство, а доколку се разреши проблемот со Федерацијата, ќе учествуваат на меѓународни турнири.