
Со претставата „Тирамису“ изведена од членови на театарот од Битола, вчеравечер во Кочани продолжи вториот ден од Драмско аматерскиот фестивал. Членовите од Битола пред камерите на М-Нет телевизија истакнаа дека ова е првпат да настапуваат на ДАФ и првпат во Кочани, но за нив ова преставува ново искуство и нови познанства.
За кочанчани одржувањето на ДАФ по 45. пат во нивниот град е привилегија, бидејќи на ваков начин се негува културата во градот, истовремено се враќа животот во нормала исто како пред ковид – пандемијата.
Ова е 59. издание на ДАФ и по 45. пат во Кочани. Фестивалот трае една недела во која се изведуваат 12 престави дополнително и пропратни настани.
Лаура Стојанова М-Нет