Бетониран крак на улица Личка – Штип во должина од 40 метри

Бетониран крак од улицата Личка во должина од 40 метри. По барање на жителите од овој дел од градот, се работеше на терен, за што се издвоени 200 илјади денари пари од Буџетот на јавното претпријатие „Стипион“.

„Денес се наоѓаме на завршената работна активност од страна на ЈП Стипион, однонсо на завршената бетонска конструкција на крак од улицата Личка во должина од 40 метри, шририна четири метри или вкупно некаде 100 метри квадратни. Ова е по барање на жителите кои живеат на оваа улица“ – вели Зајков.

За жителите кои живеат на оваа улица бетонираниот крак од улицата е добра работа, ама не и фактот дека немаат канализација.

„Ова што е направено е убаво ама едно не е убаво, немаме канализација“

Освен овде во моментот се работи и на изработка на бетонско решение во наслебата Сењак во Штип. Идентично како и на Личка станува збор за барање од страна на жителите.

„ЈП Стипион во текот на оваа недела врши изработка на бетонско решение на улицата Борис Краѓер во населбата Сењак“ – додава Зајков.

Во меѓувреме се работи и на тротоарски решенија, бетинирање на улици и краци од улици, уредување на паркинг простори и слично, потенцираше во оваа прилика Зајков.

Лаура Стојанова М-Нет