
Бесплатен превоз до манастирот „Св. Јован Отсечен“ во село Љуботен и назад ќе обезбеди Општина Штип по повод празникот што се одбележува на 11 септември во четврток.
Превозот ќе го организира ЈП „Стипион “, со тргнување од Трговскиот центар во 7:30 часот, а враќањето од Љуботен е закажано во 14:45 часот.
Дополнително, граѓаните ќе можат бесплатно да ги користат и редовните утрински автобуски линии од различни населби за да пристигнат до Трговскиот центар, каде што ќе се организира поаѓањето кон манастирот.
ТЕЛОП
Термини на редовните линии:
Стар Караорман: од 6:35 до 6:50 часот
Дузлак и Баби: од 6:55 до 7:05 часот
Сењак и сењак 4: од 7:00 до 7:10 часот
Три Чешми: во 6:45 часот
Чардаклија и населба Балканска: од 6:55 часот
Железничка, ЕМУЦ и Македонија пат: од 7:00 до 7:05 часот
Дом на култура и Ново Село: од 7:30 до 7:35 часот, информираат од црковниот одбор од с. Љуботен
Општина Штип ги повикува сите заинтересирани граѓани да го искористат организираниот бесплатен превоз и да бидат дел од прославата во манастирот, со почитување на предвидената динамика на поаѓања.
Иван Митев, М-Нет