Беса се премисли и ќе игра во Втора лига, ќе има ждрепка за поразените од баражот!

Екипата на Беса иако првично преку соопштение информираше дека нема да продолжи со натпреварување откако испадна од Прва во Втора лига, сепак се премисли и ќе игра.

Тоа значи дека ќе мора да има и ждрепка за поразените од баражот за Втора лига.

Осогово, Големо Коњари и Преспа кои беа поразени во баражите за влез во Втора лига ќе го чекаат исходот од ждрепката, една екипа ќе извиси, а две ќе бидат нови второлигаши.

Александар Ванев, М-Нет