
Второлигашот Беса од Добри Дол за следната сезона има цел за историски влез во Првата македонска фудбалска лига. Клубот кој минатата сезона имаше одлични резултати претстави уште две нови засилувања.
Јовица Радевски и Александар Борха се двете најнови засилувања за следната сезона од Втората македонска фудбалска лига.
24-годишниот дефанзивец од Колумбија, Александар Борха е играч со долгогодишно искуство во мак-фудбалот. Тој во Беса доаѓа од редовите на штипска Брегланица, а во својата кариера во мак-фудбалот има настапувано и за Работнички, Локомотива, Македонија ЃП, Пелистер и Ренова.
23-годишниот Радевски во Беса доаѓа од редовите на Детонит Плачковица, клуб кој зад себе испиша историска сезона освојувајќи го 5. место.
Радевски ќе биде големо засилување за Беса, која цели кон пласман во „елитата“ на Македонија, а во својата кариера покрај за радовишкиот второлигаш има настапувано и за Каменица Саса, Кадино, Македонија ЃП, Вардар, Работнички и Скопје.
Претходно, Беса се засили со Арменд Алими и Бурим Садики, а клубот ја продолжи соработката со тренерот Александар Таневски.